Македонија 04. ноември 2020. / 22:20

Прилепската болница преполна: Нема доволно медицински кадар за лекување на болните од Ковид-19

Прилепската болница преполна: Нема доволно медицински кадар за лекување на болните од Ковид-19

Ситуацијата со Ковид – 19 во Прилеп станува и повеќе од драматична. Неколку граѓани од Прилеп заразени од Ковид-19 се пожалиле дека и покрај тешката ситуација во која се наоѓаат не биле примени во прилепската болница и биле враќани назад со оправдување дека нема повеќе место во болницата, објави „Сител“.

Директорот Богоески вели дека никој не се враќа, но признава дека притисокот врз инфективното одделение е огромен и дека можеби некој самоиницијативно си заминал бидејќи за преглед се чека со часови. Само денеска биле прегледани 80-тина пациенти.

Две екипи работат, доктор, сестра, значи специјалист со помлад доктор, едвај стасуваме да излезиме во пресрет, капацитетите ни се преполнети, изјави Драган Богоески, директор на општа болница Прилеп.