Македонија 12. јануари 2021. / 15:37

Прилеп има најголем број на починати од Ковид пандемијата

Прилеп има најголем број на починати од Ковид пандемијата

Последните епидемиолошки анализи на центарот за јавно здравје, покажуваат дека Прилеп без сомнение е прв град во Македонија по број на починати од Ковид 19.

Просекот во земјава на 100 илјади жители е 130 починати а во градот под марковите кули 232. Овој загрижувачки просек според епидемиолошката служба потврдено е дека се должи поради три причини.

Колку е опасен корона вирусот најдобро знаат само они кои биле хоспитализирани со тешка клиничка слика, се излекувале а по 90 дена од оздравувањето повторно заболеле од Ковид 19. Во Прилеп сега има неколку такви случаеви.

Ситуацијата во овој град и натаму е сериозна. Активни се 357.

Реално овој број треба да се множи со осум. За една недела ново заболени се 122 а починати 7. Поради ново годишните и божикните празниците а сега и стара нова година очекувањата се бројот на заболени и ако драстично нема но сепак тој ќе се зголеми.