Владината номинација на министерката за правда Рената Десковска за член на Венецијанската комисија е прифатена.
Веста преку „Фејсбук“ ја соопшти токму Дескоска.
– Денеска е прифатена мојата номинација за член на Венецијанската комисија. Тоа е и потврда дека се исполнети критериумите за членство во комисијата. Благодарам за довербата! – напиша Дескоска.
Македонски претставник во Комисијата досега беше професорката Тања Каракамишева.
Од ВМРО-ДПМНЕ обвинија дека назначувањето на министерката за правда е недозволено и дека има сериозен конфликт помеѓу лице кое што е веќе избрано од страна на Владата или Собранието за да биде после од истата Влада предложено на друга функција.