Македонија 11. септември 2019. / 19:21

Прибе до Пендаровски: Владеeње на правото ако сакате евроинтеграции

Прибе до Пендаровски: Владеeње на правото ако сакате евроинтеграции

Претседателот Стево Пендаровски денеска имаше средба со Рајнхард Прибе, поранешен директор во Европската Комисија и предводник на групата експерти за системски прашања од областа на владеењето на правото.

На средбата, како што соопшти Кабинетот на претседателот, Прибе го запозна Пендаровски со тековните ангажмани и планови. Поранешниот директор во ЕК ја нагласи важноста на владеењето на правото во процесот на евроинтеграциите, се посочува во соопштението.