Македонија 05. јули 2019. / 11:25

Претставници од кинескиот Национален народен конгрес ќе го посетат Талат Џафери

Претставници од кинескиот Национален народен конгрес ќе го посетат Талат Џафери

Делегација за социјални развојни работи од Комисијата на Националниот народен конгрес на Народна Република Кина денеска ќе престојува во официјална посета на Собранието на Република Македонија.

Кинеската делегација, како што информира собраниската прес-служба, ќе биде примена од претседателот на Собранието Талат Џафери, а ќе има средба и со Весна Пемова, потпретседателка на Комисијата за труд и социјална политика, и со членовите на ова тело.