Македонија 08. јануари 2020. / 09:48

Претседавачот на Воениот комитет на НАТО во посета на земјава

Претседавачот на Воениот комитет на НАТО во посета на земјава

Претседавачот на Воениот комитет на НАТО, воздухопловниот маршал Стјуарт Пич престојува во дводневна официјална посета на Македонија и Армијата.

Пич, кој е претседавачот на највисокото воено советодавно тело на НАТО, ќе оствари средба со својот домаќин, началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски и со министерката за одбрана Радмила Шекеринска, по што ќе биде информиран за плановите и процесот на трансформација на командите и единиците на Армијата.

За време на престојот во земјава, маршал Пич ќе ја посети и Канцеларијата за врски на НАТО, а утре ќе биде примен и од претседателот и врховен командант на Армијата, Стево Пендаровски.