Претседателот Стево Пендаровски донесе одлука за помилување на три осудени лица, пренесе Емагазин.
Со одлуката извршувањето на изречената казна затвор му се заменува со условна осуда за време од 5 години на осуденото лице Давид Чачевски од Скопје, во траење од 1 година.
Делумно се ослободуваат од понатамошно извршување на казната затвор осудените лица Саша Савиќ од Скопје, во траење од 2 месеци и Сали Мемедовски во траење од 4 месеци.