Македонија 12. јуни 2020. / 09:12

Претседателот Пендаровски напладне ќе се обрати на јавноста

Претседателот Пендаровски напладне ќе се обрати на јавноста

Претседателот на државата Стево Пендаровски денеска напладне ќе има обраќање во кое ќе ги соопшти своите ставови во врска со вонредната состојба, свикувањето нова лидерска средба, како и за одржувањето на изборите.

Шефот на државата се оечкува да информира и за нова лидерска средба, и дали ќе има состанок на Советот за безбедност кој треба да се произнесе за вонредната состојба.

Пендаровски, последната 14-дневна вонредна состојба, која требаше да помогне за реализација на мерките за справување со коронакризата, ја прогласи на 30 мај, а истекува в сабота.