Македонија 26. октомври 2019. / 13:59

Претседателот Пендаровски ја почна официјалната посета на Албанија

Претседателот Пендаровски ја почна официјалната посета на Албанија

Претседателот на Стево Пендаровски  ја почна првата официјална посета на Република Албанија. Тој беше пречекан со највисоки државни и воени почести од албанскиот претседател Илир Мета, јави специјалниот известувач на МИА од Тирана.

 

Официјална посета на Република Албанија – Церемонија на пречек со највисоки државни и воени почести од страна на Претседателот на Република Албанија, Илир Мета

Posted by Stevo Pendarovski on Сабота, 26 октомври 2019

 

Предвидено е Пендаровски да се сретне и со албанскиот премиер Еди Рама и со претседателот на албанското Собрание Грамоз Ручи.

Исто така, претседателот Пендаровски ќе има средба со градоначалникот на Тирана, Ерион Велиај и со пратеникот во албанскиот Парламент, Васил Стерјовски.