Македонија 26. октомври 2019. / 08:00

Претседателот Пендаровски денеска во официјална посета на Албанија

Претседателот Пендаровски денеска  во официјална посета на Албанија

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска  ќе престојува во официјална посета на Република Албанија.

Тоа е прва официјална посета на претседателот Пендаровски на Албанија.

Пендаровски во Тирана ќе се обрати на Мировниот самит на Југоисточна Европа во организација на Универзалната Федерација за мир.

Предвидено е претседателот Пендаровски да се сретне со албанскиот претседател Илир Мета и со премиерот Еди Рама, како и со претседателот на албанското Собрание, Грамоз Ручи