Македонија 17. септември 2019. / 09:01

Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск денеска во посета на Македонија

Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск денеска во посета на Македонија

Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск денеска ќе престојува во посета на Македонија.

Во 11 часот Туск ќе биде примен од претседателот Пендаровски, а потоа ќе се сретне со премиерот Зоран Заев. По средбата предвидена е заедничка прес-конференција на Заев и Туск во 12:15 часот во Владата.

Посетата на Туск на Скопје е во пресрет на очекуваната одлука за добивање датум за почеток на преговорите со ЕУ во октомври. Од Скопје Туск ќе замине во Албанија, која исто така очекува датум за преговори.

Мандатот на актуелниот претседател на Европскиот совет истекува на 1 декември, а на негово место ќе дојде премиерот на Белгија, Шарл Мишел.