Македонија 12. август 2020. / 08:13

Претпладне сончево, попладне пороен дожд и грмежи

Претпладне сончево, попладне пороен дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер.

Попладне ќе има појава на изолирана нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. УВ индексот ќе биде 8.

Утринската температура ќе се движи во интервал од 11 до 19 степени, а максималната дневна температура ќе достигне до 36 степени.

Од денеска следува период кога во претпладневните часови ќе преовладува сончево време, а во попладневните на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Поинтензивни процеси се очекуваат за време на викендот.