Македонија 23. мај 2019. / 13:51

Пресудите за осудените за 27 април уште не се доставени, а рокот истече

Пресудите за осудените за 27 април уште не се доставени, а рокот истече

Неправосилно осудените „терористи“ за настаните од 27 април 2017 година во македонското собрание се уште ги немаат добиено пресудите. Тие беа изречени на 15 март годинава, а рокот за доставување е 60 дена, што ќе рече дека тие требаше да им бидат доставени уште пред една недела. А, не е готова ниту единствена ослободителна пресуда на Игор Дурловски, еден од водачите на „За заедничка Македонија“.

Пресудите на обвинетите за 27 април се уште писмено се изработуваат и кога ќе бидат завршени, ќе бидат доставени до странките за што ќе ја известиме јавноста. Рокот за доставување е 60 работни дена, велат за Пресинг Тв од Кривичниот суд Скопје.

Адвокатот Звонко Давидовиќ потврдува дека пресудите се уште не им се доставени на неправосилно осудените.

-Нивна измислица е дека рокот за доставување е 60 работни дена. Рокот е 60 дена, така пишува во Законот и уште студенти во прва година учат да го читаат и применуваат законот. Таквото нивно толкување е прикривање на нивната неспособност и дава општа слика за состојбите во судството. Несериозно е да објавиш пресуда и луѓе со месеци да лежат во притвор, односно затвор, само затоа што судот е некадарен да ја напише пресудата, вели Давидовиќ.

Рокот за жалба на пресудата е 15 дена од нејзиното добивање. Според Давидовиќ, целото судење се претворило во обична играрија, особено по донесувањето на законот за амнестија. За него е несфатливо тогаш актуелниот министер за внатрешни работи да не го допре одговорност, туку само пониските ешалони.

Целиот текст на ПресингТВ