Македонија 31. март 2020. / 09:35

Пресуда за поранешниот градоначалник на Битола во предметот „Транспортер“

Пресуда за поранешниот градоначалник на Битола во предметот „Транспортер“

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска треба да биде објавена пресудата за предметот „Транспортер“, во кој обвинети се поранешниот градоначалник на Битола Владимир Талески и уште дваесетина лица.

Обвинетите се гонат за злоупотреба на службената положба во врска со организирањето превоз на ученици во Битола, со што е направена проневера на околу 360.000 евра.

Предметот беше отворен од страна на Специјалното јавно обвинителство, а го водеше судијката Добрила Кацарска.