Македонија 10. септември 2019. / 13:46

Пресметка на Милчин со Јовановиќ: Ја претера, речникот ти е како на автократче!

Пресметка на Милчин со Јовановиќ: Ја претера, речникот ти е како на автократче!

Режисерот и поранешен извршен директор на Фондацијата Отворено Општество, Владимир Милчин, на Фејсбук, жестоко се пресмета со поддржувачот на власта Ненад Јовановиќ.

Милчин напиша пост на Фејсбук, со кој ја коментира објавата на Јовановиќ дека неговата земја е Република Северна Македонија. Режисерот го нарекува Јовановиќ „либерален демократ кој ни порачува ни со малку демократски реченик да не сме се пенавеле зошто работата со Северна Македонија била завршена“.

– Живееме во СРСМ и Македонци веќе нема, нема ни придавка македонски и слично. Почнуваме од нула. Нова ера во која ни дојде живот. Бљак! Авторов божем се залага за либерална демократија, а тонот и речникот му се како на запенавен автократче. Ја претера, Ненаде! – напиша Милчин.

На тоа Јовановиќ му возврати дека, Милчин, овие дискурси ги промовирал претходно.

– На времето вие, Милчин, ги пропагиравте овие дискурси кога го водевте караванот „Граѓани за Европска Македонија“. Сигурен сум дека се сеќаваш. Велевте дека мора да има компромис со Грција заради Европската иднина. Со Преспа договорот ние остануваме Македонци со гарантиран јазик и идентитет. Државата доби име со географска одредница Северна, но си останува Македонија. И ќе ве молам, немој да ме правите наивен. И глуп. Знам кој е кој, знам што е што. Поздрав Владимире Милчин. Во право не си. – искоментира Јовановиќ.