Македонија 09. мај 2018. / 18:19

Премиерот Заев повторно го крши законот кој сам го донесе – пуши на затворено

Премиерот Заев повторно го крши законот кој сам го донесе – пуши на затворено

Премиерот Зоран Заев повторно го крши законот за заштита од пушењето, кој од собранието беше изглазан по предлог на владата која ја води.

На фотографијата до која стигна Лидер, се гледа како премиерот во друштво пуши цигара во ресторан кој е затворен од сите четири страни. Слична фотографија од премиерот како пуши цигара се појави и пред два месеци, кога тој беше фотографиран во локал, за кого тврдеше дека е отворен од три страни, иако според фотографијата очигледно е дека не е (освен ако кафеаната нема 5 ѕида).

„Јас сум пушач и прифаќам критика доколку сум направил грешка. За конкретниот случај, станува збор за ресторан во кој пушењето е дозволено имајќи предвид дека има отворени простори од три страни. Апелирам сите да го почитуваме законот, сега тој е прилагоден согласно условите на терасите од објектите“, кажа Заев.