Македонија 02. јули 2020. / 15:29

Премeстени четири избирачки места во Струмица: Не ги исполнуваат здравствените протоколи

Премeстени четири избирачки места во Струмица: Не ги исполнуваат здравствените протоколи

Претседателот на Општинската изборна комисија во Струмица, Томислав Андреев, информира дека четири избирачки места во општината ќе бидат преместени на други локации, затоа што не ги исполнуваат условите според здравствените протоколи за изборите закажани на 15 јули.

Од вкупно 83 избирачки места во општина Струмица само четири не ги исполнуваат условите за гласање по протоколите за заштита од Ковид-19. Тие се преместени на други места, а во останатите 79 постојат услови за нормално одвивање на изборниот процес – вели Андреев.

Тој појаснува дека новите локации за четирите избирачки места ќе бидат објавени најдоцна до задутре и граѓаните навреме ќе бидат информирани каде ќе можат да го остварат своето право на глас.

Во другите општини од Струмичкиот регион избирачките места остануваат непроменети. Во Василево, Босилово и Ново Село се гласа на 57 места и сите ги исполнуваат условите за гласање според здравствените протоколи.