Македонија 21. октомври 2020. / 08:36

Предлог-законот за спречување и заштита од дискриминација пред две собраниски комисии

Предлог-законот за спречување и заштита од дискриминација пред две собраниски комисии

Предлог-законот за спречување и заштита од дискриминација во второ читање денеска е на дневен ред на две комисии во Собранието.

Предлог-законот прво ќе биде разгледуван на втора седница на собраниската Комисија за европски прашања, а потоа и на 11-та седница на Законодавно-правна комисија.