Македонија 02. јануари 2020. / 18:23

Предизборни преместувања во МВР: Полицајци од Аеродром распоредени во Шутка, Сарај, Мирковци

Предизборни преместувања во МВР: Полицајци од Аеродром распоредени во Шутка, Сарај, Мирковци

Нови предизборни поместувања во МВР. Полицаецот Кристијан Младенов, од полициската станица Аеродром се пожали дека на ден пред новата година, тој и поголема група на други полицајци добиле решенија за прераспределување на нови работни места, пренесе телевизија „АЛФА“.

Тој тврди дека биле преместени во станиците во Сарај, Мирковцки и Шуто Оризари, места кои се одалечени и по 30 километри од местата каде што живеат.

“Секоја зграда под број, секоја улица, паркинг и сл. ни беа врежани во меморијата за да може што е можно побрзо да се излезе на било каква интервенција во сервис на граѓаните, за ноќта на 30.12.2019 да добиеме решенија во Полициски одделенија како Сарај, Мирковци и Шуто-Оризари, оддалечени 20 до 30 км од нашите места на живеење. Распоредени во одделенија на места каде што наша нога не стапнала, а за која цел? Дали знаете колку време ни треба да го научиме тој терен? Дали за вас сме нешто повеќе од бројка? Дали заслуживме вакви деградирања?“ – пишува Младенов.

Младенов вели не бил сам, дека и други добиле такви решенија, иако не открива за колку луѓе станува збор.

Дали е ова политички реваншизам или законски преместувања во МВР, не се знае.Од МВР молчат, на прашањата од Алфа засега нема одговор.Ова обвинување доаѓа само ден пред формирање на техничка влада, кога на чело на МВР треба да седне нов министер на предлог на опозицијата. Во изминативе месец – два во јавноста излегоа обвинувања дека СДСМ пред да го напушти ресорот изврши тактички промени со кои полицијата и покрај техничкиот министер би останала под нивна контрола.

Тука се споменува и укинувањето на единицата “Алфи”, која според старатa поставеност ќе требаше да му реферира на техничкиот министер, а сега ќе реферира на директорот на Единицата на интервентна полиција. Симптоматично е што за директор на оваа единица е назначен токму Примислав Димовски, кој всушност беше шеф на Алфите од кога на власт дојде СДСМ.

Прилогот на АЛФА погледнете го во продолжение: