Фотографија од генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски, како слободно се шета во продавница без притоа да носи заштитна маска, марама или шал се споделува на социјалните мрежи. Иако не е познато кога и каде фотографијата настанала, но може да се забележи дека продавачките носат заштита што упатува на тоа дека е направена во време на пандемија од Ковид-19.
Се поставува прашањето дали тој ќе одговара за непочитување на владините мерки? Дотолку повеќе што на сила е уредбата што ја донесе Владата за задолжително носење на заштитна маска при излегување надвор од домот, односно при движење на јавни места и површини од отворен и затворен тип.
Со ваквиот потег Рашковски го загрозува сопственото здравје, но и здравјето на другите граѓани во време на пандемија од корона вирус.
sekoi den nof poras pic.twitter.com/pefcnA0bhT
— Бојкот (@rollarMk) May 21, 2020