Уште еден пратеник од Собранието е позитивен на Ковид-19, односно пратеникот Лазе Таневски од СДСМ на фејсбук напиша дека е заразен со корона вирусот. Денеска од Собранието пак информираа дека заразен со вирусот е и пратеникот од ДУИ, Исмаил Јахоски.
„Сакам да ве информирам дека поради приватно неодложно патување, самоицијативно направив тестирање на КОВИД 19. За жал, и покрај почитувањето на сите мерки и протоколи од моја страна, истиот е позитивен.
Воедно сакам да ве известам дека членовите од моето семејство се тестираа и сите се негативни“, напиша Таневски на „Фејсбук“.
Тој вели се чувствува добро и нема никакви симптоми, а мерката за изолација ќе ја почитува.
„Чувствувам голема одговорност уште еднаш да упатам апел до сите и да ја нагласам сериозноста на вирусот и можноста за зараза со молба да бидете максимално внимателни.
Со желба за побрзо оздравување и позитивни мисли Ве поздравувам.
Се гледаме наскоро“, порача Таневски.