Драган Данев, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ вечерва објави статус во кој објасни дека нема намера да гласа за ниту една уставна измена во Собранието на Р.Македонија
„Почитувани граѓани, на крајот од денешниот историски ден чувствувам потреба да одговорам на сите инсинуации и неаргументирани обвинувања.
Од првиот ден бев еден од најголемите критичари на спогодбата од Нивици, еден од прво потпишаните подносители на кривична пријава за велепредавство против Заев и Димитров и бев убеден дека само граѓаните се тие кои треба да се произнесат околу спогодбата, а не ние како претеници во Собранието на Р.Македонија, верувајќи дека граѓаните секогаш носат правилна одлука.
Со моето јавно неподржување на договорот и почитувајќи ја недвосмислената волја на Македонскиот народ, почитувани граѓани бидете сигурни:”За мене како пратеник спогодбата од Нивици е отфрлена од Македонскиот народ и како досега, така и од сега, нема по никаква цена да гласам за уставни промени со цел промена на нашето уставно име РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА.
П.С. Нема да учествувам и да подржам апсолутно никакви пост референдумски договори со цел изигрување на референфумската волја на граѓаните на РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА“ – напиша Драган Данев на Фејсбук.