Артан Груби, Зеќир Рамчиловиќ, Џеват Адеми, Реџаил Исмаили и други, во Собранието предложија измени на Законот за организација и работа на органите на државната управа и на Законот за Владата, пренесе Експрес.
Со измените се предлага да се основа ново министерство за политички систем и односи меѓу заедниците.
– Заради функционирање на државата во делот на работите поврзани со политичкиот систем, спроведување на Охридскиот рамковниот договор и принципите кои произлегуваат од овој Договор како и унапредување и заштита на правата на припадниците на заедниците во Република Северна Македонија, се појави потреба да се основа ново министерство за политички систем и односи меѓу заедниците. – пишува во законското образложение.
Законот ќе почне да се применува од 1 јуни 2019 година.