Македонија 22. април 2020. / 13:47

Пратениците не можат да се вратат во Собранието без Уставниот суд да го поништи распуштањето

Пратениците не можат да се вратат во Собранието без Уставниот суд да го поништи распуштањето

Иницијативата на СДСМ за собирање на потписи за повторна работа на Парламетот нема никаква правна основа, единствено Уставниот суд е тој што може да го врати Собранието во вакви околности, тврдат познавачите на оваа проблематика за порталот Република.

Според нив, постои можност пратениците да се вратат во Собрание и да продолжат со работа само доколку Уставниот суд ја поништеше одлуката за распуштање донесена на 16 февруари за изборите кои требаше да се случат на 12 април. Но, бидејќи Уставниот суд минатата недела ја отфрли таквата иницијатива не постои можност распуштено Собрание да се врати.

Дека тоа не е можно потврдува и фактот дека правните екперти собрани по барање на претседателот Пендаровски не изградија заеднички став по ова прашање. Поради тоа и шефот на државата донесе одлука да прогласи вонредна а не кризна состојба, бидејќи кога е вонредна Владата може да донесува Уредби со сила на Закон.

Се поставува прашањето што се смени оттогаш до сега, па власта да бара начин како по секоја цена да го врати Собранието?

Целиот текст прочитајте го на Република.