Македонија 25. декември 2020. / 09:42

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ го спречија незаконското доделување на 33 милиони евра за Макпетрол

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ го спречија незаконското доделување на 33 милиони евра за Макпетрол

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ доцна вчера вечер успеаја да го спречат незаконското доделување на 33 милиони евра од Владата за Макпетрол.

Според опозицијата намерата била на власта била секоја цена доцна во вечерта, како што рекоа, на шверцерски начин да се донесе законот со кој 33 милиони евра од буџетот се исплаќаат на Макпетрол.

Власта сака на мала врата без доволно информации и консултации со јавноста да се изгласа закон со кој што ќе му се признае на Макпетрол сопственост од 50% во гасоводот во Република Македонија и истиот да му се плати по нереално висока цена од 33 милиони евра иако самата власт вели дека вредноста на влогот на Макпетрол е 18,8 милиони евра“, порача на прес-конференција пред собраниската зграда, пратеникот Никола Мицевски.

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ со филибастеринг и долги дискусии го одложија донесувањето на законот. Тие коментираа дека целта на тоа што вчера се правеше во Собранието е да се исфорсира по секоја цена исплата на близу 33 милиони евра на Макпетрол како против услуга за, според нив, провладината пропаганда која телевизија Телма ја вршеше за време на изборите!

Власта сака на мала врата без доволно информации и консултација со јавноста да се изгласа закон со кој ќе му се признае на Макпетрол сопственост од 50 отсто во гасоводот во Македонија и истиот да му се плати по нереално висока цена од 33 милиони евра иако самата власт вели дека вредноста на влогот на Макпетрол е 18,8 милиони евра, смета опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Опозицијата обвини дека за овој Договор меѓу државата и Макпетрол јавноста нема доволно информации и со истиот ќе се направи штета на сметка на државниот Буџет.

„Владата на Заев сака да протурка шверцерски еден закон кој се однесува на ГАМА кое е државно претпријатие за гас. Постои долгогодишен спор меѓу државата и претпријатието и тој спор го воделе многу премиери. Сега дојде Заев и реши да се повлече од судските спорови. Во законот проценета вредност на ГАМА е 36 милиони евра, значи толку вложила државата, а согласно договор државата и приватната компанија имаат пола пола, иако се судат толку време за тоа кој е доминантен сопственик.  Значи сега државата доброволно одлучува да се повлече и да не е сопственик.  Претпријатието вреди 36 милиони евра или и двете страни имаат по 50 проценти се вели во првиот член, а за веќе  следниот член да вели државата се согласува да ги откупи за 34 милиони евра. Значи тоа што велат дека чини 18 милиони го купуваат за 34 милиони евра“, рече потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во вчерашното гостување на телевизија Алфа.

Оттука се отвораат прашањата – Зошто Владата на Макпетрол сака да му исплати дополнително 14,2 милиони евра? Зошто Државниот правобранител не сакал да даде дозвола премиерот да го потпише договорот, а исто така зошто се оди со Закон во Собрание што претходно никогаш не се случило во историјата од осамостојувањето на Македонија?

Собранието околу полноќ ја прекина седницата на барање на опозицијата која реагираше дека се продолжува со работа без да бидат известени за тоа. Пратениците треба да ја продолжат расправата денеска во 11 часот.