Македонија 17. јануари 2020. / 17:56

Изменет Законот за служба во АРМ

Изменет Законот за служба во АРМ

Со 63 гласа „за“ и без гласови „против“ и воздржани Собанието го донесе Закон за изменување и дополнување на Законот за служба во Армијата на Република Македонија, по скратена постапка.

Образложувајќи го законот, министерката за одбрана Радмила Шекеринска изјави дека влегла во министерството за да оствари две големи цени – да влеземе во НАТО и армијата да биде ценета.

– Задоволство ми е што денешниот закон кој убедена суми според дискусиите на собраниските комсии ќе ја има поддршкат,а ќе можеме да кажеме дека овие две цели се постигнати. Ако законот за одбрана којшто очекувам Собранието наскоро да го поодржи значи да го формулираме начинот и политиките како државата да ја има поддршката на НАТО и да биде дел од системот на колективна безбедност. Овој закон дава шанси да гарантираме дека армијата ќе биде навистина армија на земја членка на НАТО. Тоа е задача која што е вредна не толку за Алијансата, многу е вредна за нас и нашите граѓани кои што се уште сметаат дека оваа е институцијата која што ужива нивната највисока доверба – изјави Шекеринкска.

Министерката додаде дека овој закон овозможува подобар систем којшто ќе гарантира подобра армија, но и подобри услови за работа во неа. Законот подразбира реформи и во делот на регрутирање и во делот на задржување на луѓето вработени во Армијата, но исто така законот дава нови шанси многу подобри шанси и за чесно пензионирање на луѓето коишто работниот век го поминале во Армијата.

По прв пат со законот се дава шанса Армијата да може да стипендира во тек на образование луѓе коишто понатаму преземаат обврска да работата за Армијата, а, како што истакна Шекеринска, тоа систем што постоел во сите сериозни, поголеми и подобро функционални армии особено во Алијансата.

Како што посочи минисетрката, со законот АРМ многу пошироко ги отвора вратите за младите коишто сакаат да бидат професионални војници, со тоа што се укинува условот за дополнително доброволно служење на воен рок.

Со законот се регулира и прашањето на војниците коишто завршуват 45 години возраст, на кои им се дава дополнителна сигурност дека нема да останат на улица, ниту ќе бидат поставени во некоја институција без прашање.

– Еден дел од 45 годишните професионални војници ќе ги задржуваме во армијата, зошто, затоа што сега постои можноста да ги задржиме како цивилни лица ако можат да бидат механичари, авиомеханичари, ако може да бидат стручни служби за кои не е битно да носат униформа, туку  можат и како цивили да ја поддржуваат армијата – изјави Шекеринска.

Министерката информира и дека се покачуваат критериумите што се однесуваат на напредување на офицерскиот кадар со вметнуваме и на познавањето на англискиот јазик како еден од критеирумите за високите офицери.

Со законот, меѓу другото, се решавал и прашањето на станарината со што секој припадник на Армијата ќе добива надомест за станарина.

– На овој начинја правиме нашата армија да биде НАТО армија.Очекувам и се надевам во име на сите припадници дека ќе имаме добра квалитетна и почитувањана армија – изјави Шекеринска.

Од ВМРО-ДПМНЕ се изјаснија дека ќе дадат поддршка за законот, но реагираа зошто сега се предлага пред изборите и за начинот на промената на името на армијата.

Пратеникот Димитар Стевананџија од ВМРО-ДПМНЕ праша зошто министерката во 15-минутниот говор да не каже дека е министерка на Армијата на Република Македонија, како што гласи името на законот.

– Мене не ми е јасно што е страшпно да се каже Армијата на Република Македонија. Зарем не е скандалозно гардата во Армијата на РМ која ги пречекува стартнските дипломати да нема свои ознаки на униформата. Кога ќе ги погледаат нашите уноиформи тие не можат да видат од која земја се војниците. Зарем тоа не е понижување за војниците. Со која одлука го порменивте името на армијата на Република Македонија? – праша Димитар Стевананџија.

Според завршните и преодни одредби, измените на законот за служба во армијата треба да влезат во сила од март, годинава.