Македонија 14. февруари 2020. / 09:23

Пратениците денеска на собраниска дискусија за Законот за јавно обвинителство

Пратениците денеска на собраниска дискусија за Законот за јавно обвинителство

Седницата за Законот за Јавното обвинителство и Закон зќе се одржи денеска со почеток во 11 часот. Оваа седница почна доцна синоќа, околу 22 часот, но Претседателот на Собранието, Талат Џафери, само ја отвори и откако им даде збор на координаторите на пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, Никола Мицевски и Јован Митревски, ја презакажа за денеска со образложение дека имало пријавено триесетина пратеници за дискусија околу Законот.

Истовремено Џафери истакнаа дека нема Фејсбук профил поради што не бил во можност да следи обиди на некои пратеници да комуницираат со него и додаде дека тој ги следи процедурите на собраниската работа.

Во своето обраќање, Мицевски се побуни дека не било во ред што првичната седница беше закажана толку доцна, особено во услови кога пратениците цел ден би ле во Собранието. Како што истакна тој, таквиот термин за почеток на седницата јасно ги покажувал обидите на власта да врши притисоци за да се обезбеди двотретинско мнозинство за поддшка на законот.

– Почнуваме седница во 22 часот, а пратениците се цел ден во Собрание. Ова што се случува, преговори, разговори и притисоци е одлика на оваа власта. Чекање цел ден, а зошто, за да има купување гласови. Го разбирам брзањето на власта да се донесе Закон што ќе го спаси Заев и блиските околу него, но е крајно непринципиелно толку доцна да се почне седница откако цел ден пратениците биле во Собрание. Тоа е малтретирање – изјави координаторот на ВМРО-ДПМНЕ.

На неговото излагање реплицираше координаторот на СДСМ, Јован Митревски, кој, пак, изјави дека треба да останат принципиелни затоа што многу комисии не биле закажувани на време и затоа било неопходно што порано да се почне расправата за законот.

Двотретинско мнозинство е потребно за законот за ЈО, кој не е официјален услов за добивање датум за почеток на преговори со ЕУ, но сепак од високите европски претставници се споменува како позитивен сигнал кој би можел да го придвижи процесот.