Македонија 14. декември 2020. / 11:05

Пратениците денеска ќе одлучуваат дали кризната состојба ќе се продолжи до 30-ти јуни

Пратениците денеска ќе одлучуваат дали кризната состојба ќе се продолжи до 30-ти јуни

Предлог одлуката на Владата со која треба да се овозможи продолжување на рокот за постоење кризна состојба на територијата на државава до 30 јуни следната година, е меѓу точките на дневен ред на денешната 25. седница на Собранието на Република Македонија.

Со одлуката треба да се овозможи продолжување за уште шест месеци на едномесечната кризна состојба поради состојбата со коронавирусот што е во сила од 20. минатиот месец, со одлука на Владата, а на барање на Советот за безбедност.

Периодот за постоење кризна состојба на територијата на државава, заради заштита на јавното здравје во услови на постоење на пандемија со Ковид-19 и заради спречување од негово ширење во зголемен обем со што се загрозува безбедноста на здравјето на населението е најмногу до 30 дена.

Владата на седницата на 1 декември го прифати предлогот на Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за управување со кризи и ја утврди потребата да се продолжи кризната состојба до 30 јуни следната година.