Македонија 30. септември 2018. / 15:20

Пратеничката Жаклина Пешевска демантира дека гласала на референдумот

Пратеничката Жаклина Пешевска демантира дека гласала на референдумот

Во одредени медиуми се појави вест дека пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Жаклина Пешевска гласала денеска на референдумот. Овие информации таа ги демантира во изјава за Курир.

-На одредени портали прочитав дека сум гласала на референдумот, тие информации не се точни. Ги демантирам овие информации кои беа објавени во одредени медиуми, изјави за Курир пратеничката Пешевска.