Македонија 21. декември 2020. / 09:57

Прадедото на Шекеринска бил убиен за Бугарија!

Прадедото на Шекеринска бил убиен за Бугарија!

Бугарскиот неделник 168 часа објави статија базирана врз документи од бугарските архиви, според кои прадедо на актуелна македонска министерка бил убиен затоа што се борел за бугарштината против српските власти.

Според весникот се работи за прадедото на вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шеќеринска кој добил 80 убодни рани по кои починал а поводот за неговото убиство било тоа што тој со својата борба за бугарштината во Македонија ги испровоцирал српските власти да го убијат.

Настанот според документите се случил на 9 мај 1928 година.

Во архивата која на 168 часа ја дал европратеникот Александар Џамбаски од партијата на Красимир Каракачанов се објавуваат детали за убиството на прадедото на Шеќеринска за кои досега во македонската јавност не се говорело.

Според 168 часа прадеддото на Шеќеринска Александар Шеќеринов кој живеел во селото Трол заминал на пазар во Свети Николе од каде тргнал назад околу 19 часот вечерта но никогаш не стигнал дома.

Бил пронајден од селскиот кмет во близина на една чешма во состојба во која поради огромен број убодни рани не можел веднаш да буде препознаен .

За неговата смрт не бил обвинет никој но во барањето на бугарска пензија од бабата на Шеќеринска од бугарските окупаторски власти во 1943 година таа пишува дека се работи за убиство од српските власти поради тоа што нејзиниот сопруг бил борец за бугарштината во Македонија.

Во подолгиот текст на бугарскиот медиум има и други детали кои се откриваат за овој и други случаи меѓу кои и за предок на екс премиерот Никола Груевски.