Македонија 13. декември 2020. / 14:59

Познато е каде ќе се чуваат вакцините за Ковид-19 – се чекаат фрижидерите од -70 степени

Познато е каде ќе се чуваат вакцините за Ковид-19 – се чекаат фрижидерите од -70 степени

Операторите, кој денеска ги посети министерот за здравство, Венко Филипле, во своите постоечки капацитети имаат комори и ладни соби од 0 до 8 степени целзиусови, како и фрижидери до -20 степени целзиусови, како и возила со ладилници како би го запазиле „ладниот синџир“ при дистрбуција на вакцините.

-Дополнително Министерството за здравство операторите ќе ги снабди со фрижидери до – 70 степени целзиусови кои во земјава ќе пристигнат кон средината на јануари, соопштија денеска од МЗ.

Вакцините против коронавирусот во Македонија треба да пристигнат во месец март и тогаш да започне вакцинацијата на населението.