Македонија 28. февруари 2019. / 14:22

Познат првиот кандидат за градоначалник на Охрид

Познат првиот кандидат за градоначалник на Охрид

Mихаил Трендафилов- Нанче е кандидатот на партијата Граѓанско Демократска Унија (ГДУ) за градоначалник на Охрид.

Граѓанско Демократска Унија (ГДУ) е првата партија која промовира кандидат за градоначалник на Охрид. Нашата цел е фундаментална промена на општеството како заедница на слободни и одговорни индивидуи кои се суверени и еднакви пред Уставот и Законите на Република Македонија, соопштија од партијата.

Како основни проблеми со кои се соочува општина Охрид, во својот говор, претседателот на ГДУ, Петар Колев, ги посочил презадолженоста на општина Охрид и иселувањето на младите како резултат на недомаќинското работење на сите досегашни локални власти без исклучок.

-Претседателот Колев истакна дека и покрај фактот што градот се наоѓа под заштита на УНЕСКО, и би требало да биде најсредениот, најчистиот и најподредениот град, тоа не е така бидејќи повеќе од 27 години градот не може да го реши проблемот со колекторскиот систем, и редовно секоја сезона, конкурентните туристички центри особено од соседните земји го користат овој факт како аргумент за оцрнувачка кампања против Охрид, соопштија од ГДУ.

Во својот говор Колев рекол дека урбаната мафија, непочитувањето на законите го урнисуваат охридскиот шарм и убавина.