Освен заразениот пациент од Детската клиника во Скопје, позитивна на корона вирусот е и медицинска сестра на Одделението за онкологија, информира министерот за здравство Венко Филипче.
На Детската клиника во Скопје, освен заразениот лаборант, позитивна на вирусот е и медицинска сестра, а постојат индиции дека вирусот Ковид-19 е донесен од надвор. Во таа смисла ние разговаравме да извршиме поголемо скринирање на Одделот за онкологија, а тоа значи дека ќе им биде направен тест на сите пациенти и на целиот медицински персонал – изјави Филипче.
Во поглед на информациите дека во Дебар има двајца нови позитивни пациенти, министерот рече дека нивните резултати од тестирањето сè уште не се потврдени.
Во Дебар не се потврдени тестовите за евентуално нови позитивни пациенти. Има двајца сомнителни пациенти, но нивните резултати не се потврдени. Тоа е процес кој треба да се повтори, односно ќе треба повторно да се тестираат – изјави Филипче.