Огнот кој го зафати Министерството за правда се појавил во просториите каде што се чувала архива. По ова огнот огнот почнал да се шири, зафаќајќи го целиот четврти кат.
Дел вработените се уште биле во зградата кога се вклучил алармот. Но знаејќи дека во изминатиот период честопати се случува лажна тревога, го игнорирале алармот. Но подоцна ја почувствувале непријатната миризба на чад, по што ја напуштиле зградата. Засега нема информации дали сите се евакуирани.
Според распоредот во правда, кабинетот на министерот е на третиот кат, а на заменикот и Управата за извршување санкции се на петтиот кат.