Македонија 29. септември 2020. / 21:48

Пожар во близина на РЕК Битола избил вечерва

Пожар во близина на РЕК Битола избил вечерва

Во вечерните часови дојде до запалување на трева и нискостеблеста шума, на и под одлагалиштето за пепел во РЕК Битола, јавува битолската телевизија Тера.

Надлежните служби на РЕК Битола веднаш излегоа на терен и состојбата е под контрола. Направени се ровори за пресретнување на пожарот, а известени се и противпожарните единици доколку има потреба да реагираат, јавува телевизијата.

Во пожарот не се зафатени ниту машини, нути било каква друга инфаструктура на комбинатот, велат од РЕК Битола за Тера.