Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 995.
Поради зголемен број пациенти со ковид-19 повторно се отворени ковид-центрите на Клиниките за нефрологија, за гастроентерохепатологија, за очни болести, како и на Клиниката за уво нос и грло.
Од Министертсвото за здравство велат дека во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје се хоспитализрани 55 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 406 лица сомнителни и потврдени за ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град, а голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.
Во ковид-центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 589 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот.