Македонија 16. јули 2020. / 22:54

Лажен профил во име на Левица повикува на протест против изборниот грабеж врз партијата

Лажен профил во име на Левица повикува на протест против изборниот грабеж врз партијата

На социјалните мрежи е креирана објава која повикува на протест против, како што се вели изборниот грабеж против Левица.

Од партијата демантираат дека го креирале настанот и го повикуваат нивното членство да го пријави настанот.

Сакаме да ве известиме дека овој настан не е креиран од страна на нашата партија, ова е настан креиран од лажен профил. Го повикуваме нашето членство да го пријави/репортира истиот и истовремено ве известуваме дека, партијата во текот на утрешниот ден, ќе поднесе приговори до ДИК, поради извршените неправилности и украдените гласови за Левица!, се наведува во објавата на Левица.