Во изминативе два дена се направени вкупно 6.486 тестови, од кои дури 3.086 се направени во приватните клиники. Тоа се вкупно близу 9.258.000 денари или близу 150.000 евра, за два дена, дадени од граѓаните.
ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес конференција одново побара оставка од министерот Венко Филипче, обвинувајќи го дека колку и да е силен гласот на народот дека треба да си замине, тој толку повеќе е нем.
-Да ги разобличиме и твоите лажни ветувања дека ќе успееш на врвот на твојата приоритетна листа да ги ставиш граѓаните. Во изминативе два дена се направени вкупно 6.486 тестови, од кои дури 3.086 се направени во приватните клиники. Тоа се вкупно близу 9.258.000 денари или близу 150.000 евра, за два дена, дадени од граѓаните. Венко, свесен ли си дека за тестови граѓаните потрошиле над 8 милиони евра? Постои ли некоја црвена граница која не би ја поминал? Што можеше здравството да нарави со тие средства, колку инвестиции се еднакви на повторувам осум милиони евра? Колку амбулантни возила ќе се обезбедеа, и колку животи ќе беа спасени?, изјави Марија Митева.
Таа потсети на бројката од вкупно 38.782 заболени лица, 14.661 активен случај и 1.110 смртни случаи. Бројки, рече Митева, кои сами покажуваат колку итно е потребна оставка.
-Она што најмногу не загрижува е фактот дека болничките капацитети се исполнети, а најголем проблем е недостатокот на медицинскиот кадар. Да, оној кадар, медицинските сестри кои те напуштија и кој обвинија за нивно непочитување. Тоа е оној кадар Венко кој ти го искористи за свој личен ПР, ветувајќи дека ќе направиш се за да ги задржиш овие лица. Но, вети само на слика, вети само за да го минимизираш неуспехот, а не затоа што вистински ќе го направиш тоа, вели Митева.