Македонија 02. април 2020. / 15:03

Потврдена ексклузивката на “Лидер”: Затворена ординацијата на градоначалникот на Прилеп-вработен позитивен на корона

Потврдена ексклузивката на “Лидер”: Затворена ординацијата на градоначалникот на Прилеп-вработен позитивен на корона

Градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски, демантира дека имал контакт со еден од вработените во амбулантата „Ортомедика“ кој е позитивен на корона вирус.

Тој денеска се обрати до граѓаните на Прилеп, како што вели, по дезинформациите кои вчера и денеска кружат на социјалните мрежи дека наводно имал контакт со заразената сестра.

 -Со најголема индигнација ги отфрлам ваквите дезинформации, рече тој.

Лидер уште вчера прв ја објави информацијата дека Здравствената установа „Ортомедика“ која е во сопственост на градоначалникот на Прилеп, Илија Јовановски, превентивно е затвроена, а четворицата вработени се испратени во изолација.

-Да, точно е, ординацијата е затворена. Двата тимови кои работат таму се испратени во изолација, изјави вчера за „Лидер“ прилепскиот градоначалник.

Тој побара да не се стигматизираат заразените од корона вирусот, како и сите оние кои се наоѓаат во самоизолација, бидејќе, како што вели, на секого може да му се случи.