Во официјална посета на Република Македонија денеска престојува командантот на силите на САД за Европа, генерал-потполковник Кристофер Каволи.
Генерал Каволи во Министерството за одбрана и Генералштабот на АРМ, се сретна со министерката за одбрана Радмила Шекеринска и со началникот на ГШ на АРМ генерал-мајор Васко Ѓурчиновски.
Тие разговараа за меѓусебната соработка и учеството на претстојните заеднички активности на АРМ и командата на силите на САД за Европа.