Македонија 15. април 2020. / 18:02

Србов: Потребни се нови генерации кои ќе им покажат на комунистичките остатоци каде им е местото

Србов: Потребни се нови генерации кои ќе им покажат на комунистичките остатоци каде им е местото

Историчарот и колумнист Никола Србов на фејсбук нашиша дека се додека „не се изнедри“ нова генерација во бизнисот, дотогаш можеме да ставиме катанец на државата. Нови генерации, додава тој, кои без пардон, на како што ги нарекува „комунистичките остатоци“ ќе им покаже каде им е местото.

 -Сѐ додека ликови кои се длабоко заглавени во комунизмот и кои ни доаѓаат од комунизмот сакаат да раководат со бизнисот и да му наметнуваат правила, а патем никогаш не биле вистински дел од тој сектор, сѐ додека не се изнедри нова генерација во бизнисот која во својот мајндсет нема да има остатоци од комунизмот, сѐ дотогаш можеме да ставиме катанец на државата.
Потребен е сериозен рестарт, потребни се нови генерации кои без пардон на овие комунистички остатоци ќе им покажат каде им е местото. Доволно долго не држевте во тој трул, распаднат и безперспективен филм, дури и премногу, напиша Србов.