Македонија 06. ноември 2019. / 21:55

Поставен нов директор на Клиниката за детски болести

Поставен нов директор на Клиниката за детски болести

Наташа Алуловска е нов директор на Клиниката за детски болести.

Според информации на Сител, Алуловска денеска била назначена на оваа позиција од страна на министерот Венко Филипче.

Алуловска работи на одделот за неонатологија и доаѓа на местото на Катерина Ставриќ која уште пред 7 месеци поднесе оставка на функцијата, но чекаше да добие наследник.

Како економски директор на Детска и понатаму останува Ридван Ибраими кој во директорската фотелја е со години.