Македонија 23. јануари 2020. / 10:02

Последици од владеењето на Заев: Пад од 13 места на индексот на корупција на „Транспаренси”!

Последици од владеењето на Заев: Пад од 13 места на индексот на корупција на „Транспаренси”!

Македонија бележи пад од 13 места според Индексот на корупцијата во 2019 година, а на 106. место се најде во групата на Албанија, Бразил, Монголија, Брегот на Слоновата коска, Алжир и Египет.

Земји со најниско ниво на корупција се Нов Зеланд и Данска, со освоени 87 поени, а потоа следуваат Финска (86), Сингапур (85), Шведска (85) и Швајцарија (85).

Земјите кои се најдоа на дното на табелата се Сомалија, Јужен Судан и Сирија со оценки 9, 12 и 13, соодветно. Овие земји внимателно ги следат Јемен (15), Венецуела (16), Судан (16), Екваторска Гвинеја (16) и Авганистан (16).

Индексот рангира на 180 земји и територии според нивото на корупција во јавниот сектор, според експертите и деловните луѓе. Тој користи скала од нула до 100, каде што нулата е многу корумпирана и 100 е многу чиста.

Повеќе од две третини од државите имаат резултат под 50 на Индексот на корупција оваа година, со просечен резултат од само 43. Слично на претходните години, податоците покажуваат дека и покрај одреден напредок, мнозинството земји сè уште не успеваат ефикасно да се справат со корупцијата во јавниот сектор.