Македонија 02. јуни 2020. / 11:41

Портпаролката на СДСМ во изолација по контакт со заболен

Портпаролката на СДСМ во изолација по контакт со заболен

Поради тоа што имала контакт со директорката на УЈП Сања Лукаревска, а по препорака на епидемиолозите, портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска оди во самоизолација.

Кузеска ова го објави на социјалните мрежи.

По насоки и препорака на епидемиолозите, во наредниот период ќе бидам во самоизолација, поради кратка средба што ја имав со мојата пријателка Сања Лукаревска. Немам никакви симптоми, се чувствувам одлично, а ќе се тестирам во текот на утрешниот ден.

На мојата драга пријателка Сања, на другарот Мухамед Зекири и неговото семејство и на сите граѓани кои се позитивни на Ковид-19 и се во самоизолација, им посакувам брзо оздравување и добро здравје – напиша Кузеска.