Македонија 13. јуни 2020. / 09:45

Поразителни бројки: За пет дена – 678 новозаразени и 18 починати

Поразителни бројки: За пет дена – 678 новозаразени и 18 починати

Епидемијата на корона вирусот во Македонија продолжува брзо да се шири. Последните бријки на министерството за здравство велат дека во текот на вчерашниот ден имало 164 новозаразени со Ковид-19, а  двајца пациенти починале како последица на болеста.

Во изминативе пет дена во државава беа направени 4.733 тестирање, на кои дури 678 граѓани биле позитивни на Ковид-19. Како резултат на вирусот изминатите пет дена има 18 смртни случаи.

На Инфективната клиника во Скопје вчера беа примени 16 нови пациенти, а вкупно се хоспитализирани 93 пациенти. На кислородна поддршка се 44 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација. Исто така вчера во ГОБ „8 Септември“ примени беа 16 нови пациенти, а вкупно се хоспитализирани 60 пациенти. На респираторна машина се 10, a со потешка клиничка слика се уште 11 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 25 пациенти, а на домашно лекување преку болницата се следат двајца пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани 23 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 31 пациент – позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 3.701, бројката на починати е 171, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1.836.

На врвот со најактивни случаи со Ковид-19 е Скопје, со вкупно 1040 пациенти, следи Куманово со 202 случаја, Штип 192, Тетово 165… Од друга страна, во главниот град во редоследот по единици на локална самоуправа на чело е Општина Чаир со 235 позитивни пациент со коронавирус, Гази Баба со 89 активни случаја, Бутел со 88, во Центар и Аеродром, заклучно со 12 јуни имаат по 87 пациенти со Ковид-19.

Досега во земјата се направени вкупно 41.049 тестирања на Ковид -19.

По неколку дена мирна состојба и негативни резултати како последица на непочитување на мерките за заштита од корона вирусот во Дебар повторно се регистрирани случаи на заболени. Градоначалникот на Дебар, Хекуран Дука, истакна дека состојбата е под контрола, но како што оди трендот и очекувањата, тој додаде дека во следните денови ќе имаа појава на спорадични случаи со Ковид-19 во градот.

Истовремено тој истакна дека трите позитивни случаи од петокот се од земените осум брисеви во понеделникот, додека за седумте брисеви земени во вторникот сеуште се чекаат резултати. Резултати се очекуваат и од скрининг на вработените во градинката, со кој беа опфатени 69-те вработени во оваа установа.

Со последните три нови случаи, вкупната бројка на заразени во Дебар се зголеми на 56. Од нив, две лица се од Центар Жупа, кои беа и првозаразени. Од вкупната бројка, 47 се оздравени, четворица починати, а активни на болеста се пет лица.