Поранешниот градоначалник Тони Трајковски, обвинет во случајот ТНТ, утринава не се појави на судското рочиште, бидејќи, како што посочи неговиот адвокат, синоќа бил претепан и се наоѓа во болница.
Адвокатот дополни дека утринава во 6.30 часот бил да го посети, и од врата видел дека има хематом на главата и видливи повреди.
Судијата Огнен Ставрев, пак, рече дека се јавил на докторот во Ургентно, кој му кажал дека Трајковски е во добра состојба и е на пат кон дома.
Затоа, како што рече тој, Трајковски има рок од еден час да дојде во судот или ќе виде стражарно приведен.