Поранешни вработени на СЈО бараат извинување од претседателот Стево Пендаровски за неговата изјава во која вели дека „обвинителството кое беше симбол на сите наши надежи за расчистување со организираниот криминал се распадна како последица на тоа што и самото стана дел од организираниот криминал…“.
Во нивното писмо објавено во јавноста се вели дека со таквата изјава претседателот ги поистоветува сите вработени без исклучок, како да се тие дел од организиран криминал.
Обвинителството не го сочинуваше само една личност, па оттаму крајно некоректно е сите вработени да се поистоветат со постапките на една личност и притоа нивниот труд да биде девалвиран – велат екс вработените во барањето за извинување.