Поранешните работници, кои воедно се и акционери во фирмата „Тетово Табак“, познат како Монопол, протестираа против продажбата на компанијата, како што тврдат, без нивно претходно консултирање. Работниците велат дека освен продажбата и нивните акции не фигурираат во Централниот регистар, пишува Алсат.
За продажбата не е запознаена ниту општина Тетово.
Во рамките на овој процес, нема информации или некој документ кој зборува за купопродажба. Барем не до денеска, рече Теута Арифи- градоначалничка на општина Тетово.
Запрашан од Алсат, купувачот на компанијата „Тетово Табак“ не сакаше да зборува пред камера, туку само рече дека постапката за купување била според законот. На ова место, инвеститорот предвидува градба на станбени објекти, а за купувањето на поранешен Монопол платил 7,5 милиони евра.