Македонија 22. август 2018. / 13:28

Поранешен вработен во амбасадата на САД станал советник во СЈО

Поранешен вработен во амбасадата на САД станал советник во СЈО

Судијата Владимир Панчевски на својот Фејсбук профил објави дека поранешен вработен во американската амбасада, американски државјанин и донатор на конференција поврзана со правосудството сега е советник во СЈО, објави Инфомакс.

Се работи за Дејвид Стивенсон, поранешен вработен во амбасадата на САД, а сега агитира за промена на уставното име.

-ЛИЦЕМЕРИЕ ИЛИ ШТО???
ПРЕД ЕДНА ГОДИНА ДОНАТОР НА КОНФЕРЕНЦИЈА А СЕГА СОВЕТНИК ВО СЈО.
НЕКОИ ПРАШАЊА НЕ ЗАСЛУЖУВААТ ОДГОВОР!
Надвор, надвор од Република Македонија !!! , вели Панчевски на својот Фејсбук профил.