Поранешниот активист на „Шарена револуција“, Роберт Милески остро ја критикува сегашната власт дека и после три години не успеале да го расчистат случајот со убиството со Мартин Нешковски.
-Некојси Ацевски од сдс: Груевски не може да се испере, неговото обезбедување го уби Нешковски, а Јанкуловска го криеше. Деновиве јавноста гледа како оние што се обидоа да прикријат убиството на Мартин Нешковски поради полициска бруталност, на дрзок и безобразен начин, преку извртување на вистината, се обидуваат да се исперат за своите злодела.
Што покажува објавената подолга снимка од разговорот помеѓу Груевски и Јанкуловска. Само го потврдува она што јавноста веќе многу добро го знае. Никола Груевски ја терал Гордана Јанкуловска да лаже дека убиецот не бил дел од неговото обезбедување! Дури отакако медиумите го открија случајот, ги фаќа паника, заедно коваат план како да прикријат, јавноста да не ја дознае вистината и договараат медиумски спектакли исто како за Љубе Бошковски!
Груевски зборува дека ќе го разрешел Урко – а тоа не се случува. Урко е разрешен дури 3.5 години подоцна. Обезбедувањето на Никола Груевски кој беше дел од неговата партиска полиција уби млад човек. Неговата министерка го криеше убиството. Нивниот портпарол на МВР криеше убиство. Груевски ангажирал да го штитат луѓе кои убиваат.
Јасно е. Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ до денеска не научија, дека од вистината и од одговороноста бегање нема! Никола Груевски ќе се соочи со казната, изјави на прес-конференција, Костадин Ацевски, пратеник на СДС.
Милески: Зошто продолжувате да се закопувате подлабоко во живиот песок навистина не ми е јасно или можеби ПР агенцијата така ви кажа, можеби оној измамникот Тал Силберстин, другар на Заев со којшто се сликаат и му праќаат слики на “Порошенко”, што го намести Штрахе и падна владата на Курц во Австрија.
Прво фактите, од снимката јасно се слуша дека Груевски НЕ Е замешан во обидот за прикривање, а твојот лажен лидер Заев ставајќи намерен исечок од таа снимка сакаше токму него да го вмеша за да се случи голем протест и немири против Владата, кои прераснаа во насилни со многу повредени полицајци. Јас навистина не знам кој е помонструозен од вас – тие што сакаа да го прикријат убиството или вие што го искористивте згаснувањето на млад живот во вашата политичка агенда! Да ви е еден срам да ви е! Бруки! Пу јазк!
Понатаму, од снимката јасно се слуша дека Спасов некогаш БИЛ, но НЕ Е повеќе обезбедување кај Груевски, а вие токму со таа пропратна приказна и онаа песничката што ја имавте направено извадена од контекст “се нервирам, не можеш убиство да скриеш” со гласот на Јанкуловска, намерно ја загоревте атмосферата! И сега пак продолжувате со истото! Манипуланти едни лажни!
И сега секој нормален ќе се запраша, добро, вие сте скоро три години на власт, зошто досега не го расчистивте обидот за прикривање на убиството на Нешковски? Зошто досега нема ни постапка ни случај против никој од инволвираните, а знаеме дека обид постоеше? Вие сте на власт! Пак ќе речам – да ви е еден срам да ви е! Наместо да се извините за искористувањето на смртта на млад човек од страна на Заев и да се дистанцирате од него, вие уште продолжувате да го браните, а еден куп “интелектуалци” молчат скриени во нивните мали шупливи глувчешки дупки!
Не бива од вас ништо, ја да ви кажам. Вие сте збирштина на аморални и анационални неспособни луѓе.
Толку имав да кажам, напиша Милески на својот Фејсбук профил.